Се асфалтираат нови 4 улици во Стопански двор

Деновиве се работи на асфалтирање на четири крака од улицата „ 51“ во населбата Стопански двор во Општина Ѓорче Петров.

Тоа се краците 1, 2, 3 и 4 со вкупна должина од 620 метри и широчина од 4 метри. Претходно на истите беше поставена фекална канализација со што е решен долгогодишниот проблем на граѓаните кои претходно мораа да користат септички јами, кои како такви претставуваа потенцијален извор на зарази.

Работите ги изведува „Македонија пат“ и истите целосно треба да завршат до крајот на јуни. Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и Општината Ѓорче Петров.

Исто така, ќе се работи на асфалтирање на краци на главната улица во Волково. Набргу ќе почнат градежни работи во населбата Кисела Јабука, каде што ќе се асфалтираат краци на улиците „10“ и „46“.