Санирана улицата „Козле“ 10 во Нерези

Општина Карпош изврши санација на улицата „Козле“ 10 во Нерези. Повеќе години, оваа локална улица беше во руинирана состојба, поради што службите за одржување на инфраструктура извршија целосна санација на повеќе ударни дупки. На овој начин, олеснат е пристапот до повеќе домаќинства во овој дел од Карпош.

Локалната самоуправа продолжува со интензивно развивање на периферните делови на Карпош. Изминатиов период значително се инвестира во подобрување на инфраструктурата и во Бардовци, Злокуќани и Криви Дол.