Сакате рамен стомак? Време е да почнете да ги конзумирате овие намирници

Одредени производи помагаат во намалување на надуеноста и губење на салото во делот на стомакот. 

Избегнувајте бел леб, преработено место и газирани пијалоци, а конзумирајте ги овие состојки.

Бадеми

Содржат протеини и влакна кои ќе ви помогнат да се чувствувате сити подолго време. Но, избегнувајте ги посолените бадеми, туку конзумирајте ги сировите. 

Спанаќ

Овој нискокалоричен зеленчук има само 40 калории во една шолја. Добар извор е на калциум кој ќе ви помогне во создавањето мускули.

Авокадо

Свежото авокадо содржи околу 15 гр влакна и е одлично за намалување на апетитот. Тоа е богато со аминокиселини кои придонесуваат за согорување на мастите во делот на стомакот.

Грејпфрут

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно конзумираат грејпфрут губат килограми без некои преголеми промени во исхраната.

Јајца

Иако многу луѓе ги избегнуваат јајцата, докажано е дека тие се одлична состојка за почеток на денот, за разлика од многу пецива. Ја намалуваат гладта и долго време го задржуваат чувството на ситост.

Јаболки

Едно истражување од 2003 година покажало дека редовното конзумирање јаболки придонесува за намалување на килограмите. Користете ги како здрава ужинка и замена за слатките по кои посегнувате кога се чувствувате гладни.