Сакате долг живот? Испијте чаша вино пред спиење

Пиењето две чаши вино или пиво навечер може да биде тајниот рецепт со кој ќе ги доживеете деведесетите години. Ова се заклучоците од едно од најновите истражувања на оваа тема.

Професорката Клудија Кавас од универзитетот Калифорнија во ова истражување опфатила анализа на повеќе од 1700 луѓе кои биле во 90-тите години од својот живот.

Во истражувањето анализиран е начинот на живот на лицата кои доживеале возраст од 90 години. Утврдено е дека умереното конзумирање алкохол е еден од клучните фактори за долг живот. Анализите покажуваат дека оние кои пиеле 1-2 чаши вино или пиво пред спиење, имале намален ризик од прерана смрт за 18 % од оние кои воопшто немале таква навика.

Откриено е дека и неколку килограми повеќе од идеалната тежина, но не и дебелина, исто така го намалуваат ризикот од прерана смрт за речиси 3%. Утврдено е и тоа дека луѓето кои дневно посветувале барем 1-2 часа на своето хоби имале 21% помал ризик од прерана смрт, додека пак оние кои вежбале 15-45 минути во текот на денот  го намалуваат таквиот ризик за 11%. Конзумирањето 2 шолји кафе дневно го намалува ризикот од прерана смрт за 10%.

Претходни истражувања покажуваат дека умереното конзумирање алкохол го намалува ризикот од срцев удар и срцеви заболувања.