Сакам да го поминам животот со луѓе кои ги краси човечност

Се чувствувам како дете кое добило кутија со колачиња и кое првите ги јаде со сласт, ни кога ќе види дека останале уште малку, почнува да ги јаде со посебно внимание и ужива во секој залак. Немам повеќе време за бесконечни состаноци во кои се зборува за статути, правила, процедури и внатрешни одредби, знаејќи дека ништо од тоа нема да биде постигнато. Немам веќе време да поднесувам апсурдни личности, кои и покрај сѐ, сѐ уште не пораснале. 

Моето време е прекратко за да се расправам за наслови. Сакам содржина, длабочина, на мојата душа ѝ е брза... Нема уште многу колачиња во кутијата.

Сакам да го поминам животот со луѓе кои ги краси човечност, вистинска човечност. 

Кои знаат да се смеат на сопствените грешки.

Не сакам да се перчам со моите победи. 

Никој не може да се смета за избран пред време. 

Не треба да се бега од сопствената одговорност. Таа ја штити човековата чест. И сакам да бидам на страната на вистината и чесноста. Важно е само она што го прави и нашиот живот корисен, но и туѓиот живот. 

Сакам да бидам опкружен со луѓе кои знаат како да го допрат срцето на другите луѓе. Луѓе кои тешките удари на животот ги научиле како нежно да ја допираат душата. 

Да... ми се брза...

Ми се брза да живеам со оној интензитет кој само зрелоста може да го даде.

Не сакам залудно да потрошам ниту едно колаче кое ми е преостанато... сигурен сум дека се уште послатки од оние кои веќе сум ги изел. 

Мојата цел е речиси исполнета и е во спокојство со моите блиски и мојата совест. 

Имаме два живота и оној вториот започнува во моментот кога ќе сфатиш дека животот е само еден.

Марио де Андраде, португалски поет