Сакајте како никогаш да не сте биле повредени и танцувајте како никој да не ве гледа

Самите себеси се уверуваме дека животот ќе биде подобар кога ќе се венчаме, кога ќе добиеме бебе, а потоа и уште едно бебе. Тогаш сме фрустрирани затоа што децата не се доволно големи и си мислиме дека ќе бидеме среќни кога ќе пораснат. Потоа сме исфрустрирани затоа што си имаме работа со тинејџери. Сигурно ќе бидеме посреќни кога ќе излезат од таа фаза. Си велиме дека ќе бидеме исполнети кога нашите партнери ќе се вразумат, кога ќе купиме нов автомобил, кога ќе отидеме на патување или во пензија. 

Вистината е дека не постои подобар момент за среќа од овој момент. 

Животот секогаш ќе биде исполнет со тешкотии. Најдобро е да си го признаете тоа самите на себеси и да одлучите да бидете среќни и наспроти тешкотиите. 

Среќата е вистинскиот пат. Затоа чувајте го секој момент кој го имате и чувајте го уште подобро затоа што сте го споделиле со некој посебен, доволно посебен за да поминете време со него или неа. И запомнете дека времето не нѐ чека. 

Затоа, престанете да чекате:

  • Да го отплатите автомобилот

  • Да купите нова куќа

  • Децата да си заминат од дома

  • Да ги продолжите студиите

  • Да ги завршите студиите

  • Да изгубите 10 килограми

  • Да добиете 10 килограми плус

  • Да се венчате

  • Да се разведете

  • Да добиете деца

  •  Да отидете во пензија

  • Да дојде лето

  • Да дојде пролет

  • Да дојде зима

  • Да дојде есен

  • Да умрете

Нема подобар момент за среќа од овој момент. Среќата е пат, а не цел. Затоа, работете како да не ви се потребни пари, сакајте како никогаш да не сте биле повредени и танцувајте како никој да не ве гледа!