Сакајте ги оние чии дела се погласни од нивните зборови

Ги носиш грижите на овој свет на своите рамена. Имаш голема храброст во себе. Се смееш и кога твоето срце плаче. Ти имаш огромна сила во себе. Им помагаш на другите луѓе, се грижиш за нив. Ти си извонредна личност со големо срце.

Но, понекогаш ја забораваш својата вредност. И, забораваш дека заслужуваш да бидеш сакан/а. Со целото срце, без ограничувања, без услови.

Заслужуваш личност која ќе те сака со сите твои несовршености

Заслужуваш да бидеш сакан/а од некој кој нема да ги потенцира постојано твоите маани, стравови, несигурности и мали несовршености, туку напротив која ќе се заљуби во нив. Личноста која вистински ве сака никогаш нема да се труди да ве промени. Ќе ве сака онакви какви што сте.

Заслужуваш личност која ќе се бори за тебе, не со тебе

Заслужуваш личност која ќе ти даде вистинска љубов и ќе те чува како тајно богатство. Блиску до твоето срце. Не заслужуваш некој кој постојано ќе се бори со тебе и ќе те обвинува за многу нешта.

Заслужуваш личност која ќе те разбере, која ќе го прифати твоето извинување и која ќе се извини кога греши. Таа личност нема да сака те остави и ќе се бори за тебе.

Заслужуваш личност која ќе те сака на милион начини

Некој кој ќе однесува кон тебе со почит. Некој кој ќе биде искрен, љубезен и верен. Кој ќе биде горд на твоите успеси и повеќе од се, личност чии дела ќе зборуваат повеќе од нивните зборови.

Сакајте ги оние кои нема да се откажат од вас и од љубовта кон вас, кои нема да си заминат така лесно и кои ќе ве сакаат во сите ваши добри и лоши моменти.