Ротердам домаќин на Евросонг 2021, еве кој ќе биде наш преставник

Евросонг 20121 ќе се одржи во Ротердам, Холандија, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Со тоа Холандија се впишува по петти пат како домаќин на престижниот музички настан чиј пренос го следи 200 милионска публика ширум светот.

Јавниот медиумски сервис на Холандија, обезбеди дополнителни седум милиони евра за организација, што не е мала сума сега во услови на корона криза.

Веста како изненадување организаторите ја објавија во саботата вечер, на алтернативното шоу на Евросонг Eurovision Shine a Light“, кој собра стари и нови победници, сега ѕвезди, и не прошета по празните улици и арени ширум Европа во екот на корона-кризата.

Изборот на песна за Евровизија кој беше создаден по Втората светска војна со цел да ги обедини нациите од Европа, разделени по катастрофалната војна, годинава, повторно беше на голем тест, овојпат од пандемија која повторно ги раздели народите, терајќи ги да останат дома во изолација и да ги затворат границите.

Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, сега претворена во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија, и идната година ќе биде сцената каде Европа ќе избира најдобра песна. Веќе се потврдени 18 учесници за Евросонг 20121.

Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира баритонот Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна. Светот во саботата вечер, виде фрагмент од годинешниот спот за евровизиска „YOU“, на авторката Невенка Нешкоска, и поздравот од Гарванлиев.

Гарванлиев, образованието по соло и оперско пеење го стекнува на некои од најпрестижните музички школи во светот вклучувајќи ги „Академијата Лирика“ во Милано, престижниот Кралски Консерваториум и Оперската школа при Универзитетот на Торонто во Канада.

Прогласен за најмлад, но и еден од најбараните баритони во Канада, тој за време на својата дваесет и пет годишна кариера има испеано над 50 главни оперски улоги, меѓу кои се Дон Џовани, Фигаро, и Лепорело, и како солист во најеминентните фестивали во светот како Банф, Малборо, Бритен-Пеарс и Грахтен.

Во 2018 година, Васил одлучува да се врати во Македонија, посветувајќи се на креирање автентична музика инспирирана од македонските корени.

Васил исто така минатата година беше дел од успешниот евровизиски тим во Израел во улога на придружен вокал на Тамара.