Родените во овој знак се најкомплицираните личности кои ќе ги запознаете

Тие би рекле:  Не сум комплициран/а, само имам многу чувства. Тоа се Рибите.

Тие се на границата меѓу екстроверти и интроверти – сакаат да имаат пријатели и да имаат луѓе околу себе, но уживаат и во мометите кои ги минуваат сами со мислите во нивната глава.  Еден ден ќе посакаат да бидат цело време со вас, другиот ден ќе се однесуваат како да не постоите. Еден ден ќе имаат енергија да поместат цел ѕид, другиот ден ќе посакуваат само да ги оставите на мира.

Тие влегуваат слепо во врските, не можат да ги сопрат своите срца да сакаат, а потоа немаат никаква контрола над љубовта. Тие имаат многу емпатија во себе за другите луѓе и секогаш ќе им помогнат на другите. Но, тие се многу комплицирани.

Секоја емоција можете да ја прочитате на нивното лице. Тие немаат никаква контрола над тоа. Но, тие сакаат и постојано се повредени. Тоа е во нивната природа. Постојано бараат поврзаност со другите луѓе, на сите нивоа. Сакаат да се поврзани некако. Секој дел од нивното тело верува во љубов, без оглед на цената. Тие ја бараат совршената личност, а штом ја најдат можат целосно да заборават на своите пријатели, ненамерно да се изгубат во љубовта.

Кога целиот свет се однесува рационално и логично во врските, тие се целосно отворени, како да го оставаат своето срце да биде повредено.

Кога чувствуваат тага, тоа тежи на нив. Се чувствуваат лошо, многу лошо. Се затвораат пред светот. Се обвинуваат себеси, стануваат жртви на самите себеси. Се однесуваат како да се откажуваат од светот.

Тие не се трудат да бидат комплицирани. Но, тие премногу силно чувствуваат и тоа толку силно влијае на нив. Се губат постојано во својот свет, во идеализирањето за романтична љубов и подобар свет.

Тие се емотивни, уникатни, но и многу комплицирани.