Робин Шарма: Порака за сите жени!

Прекрасната порака од еден од најценетите писатели на книги за самопомош и мотивацискиот говорник Робин Шарма го обиколи целиот свет. Прочитајте за што се работи:

„Тоа што денес си тука, тоа не е случајност. Постои причина поради која го читаш ова...
Ти си кралица. Владетелка со бескраен потенцијал кој се наоѓа во тебе.
Можеби тешкиот живот направил да заборавиш на твојата сила.
Тагата поради неостварените соништа можеби ја згасила твојата страст и ги загушила твоите уверувања.
Стрелите од љубоморните критичари можеби те натерале да заробиш хероината во тебе.
Но, те молам запомни една работа: Овој ден е нова можност. Чудо кое чека да се случи.
Овој момент е прекрасен порадок.
Оваа минута претставува празно платно со бескрајни можности и неописливи прилики...
...за повторно да завладееш со кралството кое тебе ти припаѓа. Да освоиш големи, нови земји со сочувство, креативност, смелост и човечност.
Тоа што денес си тука, тоа не е случајност. Постои причина поради која го читаш ова. И длабоко во тебе лежи подготвеноста да ги отфрлиш оковите од минатите искуства, да се издигнеш и да го промениш погледот на остатокот од твојот живот.
Стани! Прегрни го твоето право на уникатната величественост која светот ја очекува од тебе.
Биди светло! Погледни ја убавината на иднината која можеш да ја оствариш со правилниот начин на размислување, говорење, однесување и создавање.
Секоја минута од овој ден која ти е подарена – може да биде почетокот на твојот нов живот, ако си упорна и доследна.
Заслужуваш да бидеш свесна за својата големина. Да ги знаеш повластиците од своето кралско, најплеменито битие и да се оттргнеш од твојот сегашен живот и да тргнеш кон животот кој копнее да го запознаеш, а јас ќе го гледам твојот сјај.
Затоа што тоа е она што јас го правам.
А целиот свет ќе ја пофали твојата храброст.
Ти праќам љубов и имам бескрајна доверба во твојот сјај.
 

Робин