РК Вардар го продолжи рокот за продажба на сезонските билети

Поради интересот од навивачите, но и сезоната на одмори се продолжува рокот за купување на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар, информираат од клубот.

Билетите може да се купат он лајн на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански". Регуларната продажба на сезонски билети ќе трае до 1 септември.

Откако заврши приоритетната продажба на сезонските билети, сите слободни места се пуштени во продажба. Нема ограничување околу местата, и сите слободни места се расположливи за избирање, велат од РК Вардар.

Сезонските билети може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и тоа секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн преку www.ticketplus.mk. Со секој купен сезонски билет ќе може да се добие и шампионска маица по цена од 399 МКД.

Повеќе информации можете да добиете на: телефон: + 389 2 2401 980, e-mail: info@ticketplus.mk. Информации околу цената на билетите може да прочитате на официјалната веб страна на РК Вардар.