Рицинусово масло – лек за многу болести

Илјадници години, ова масло се користи за превенција и лечење на многу болести.  Овој производ е првенствено познат како благ лаксатив, но истовремено помага и на многу други начини.

Благ лаксатив

Оралната примена на ова масло за 2-5 часа прави чуда за нашиот организам. Сепак, важно е дозирањето. Возрасните можат да земаат 1-2 кафени лажици, додека пак децата од 2-12 години смеат да земаат само 1 лажица. За децата, се препорачува тоа да се зема измешано со сок од портокал.

Болка во мускулите и зглобовите

Ако чувствувате силна болка во мускулите или зглобовите, истријте ја кожата со неколку капки од рицинусовото масло. За уште подобри резултати, можете да го измешате со масло од ментол.

Лечење на инфекции

Ако имате проблеми со бактериски инфекции, можете да загреете малку рицинусово масло, а потоа да го нанесете на местото и да го оставите така преку ноќ. Постапката изведувајте ја секоја ноќ пред спиење, барем 7 дена по ред.

Раст на косата

Загрејте го маслото, а потоа истријте го во коренот, бидејќи тоа благотворно делува на фоликулите и го поттикнува растот на косата. Така главата завиткајте ја во топол пешкир, а оставете да делува 1-2 часа.

Акни и дерматолошки проблеми

Благодарение на антимикробните и противвоспалителни својства, ова масло одлично делува на акните, брадавиците и пегите предизвикани од стареењето. Има позитивен ефект и во лечење на одреден дерматитис