Риби: Хороскоп за јули 2017

Работа

Во текот на јули ќе добиете можност да ја проширите понудата на своите услуги, особено доколку тоа е делокруг на вашата работа. Меркур од 6 -26 јули минува низ вашето поле на услуги ќе ви донесе многу работни можности. Ќе бидете во можност да ги подобрите условите на своето работно место и да набавите повеќе работи кои ви се потребни за подобро функционирање.

Лесно ќе се договарате со своите потенцијални клиенти, колеги и личности кои ќе ги среќавате во рамки на работата. Втората половина на месецот ви носи реализирање на различни идеи, особено доколку се занимавате со здравство, фармација, трговија и дизајн. Сепак, избегнувајте да влегувате во работи кои можат да ви донесат ризик.

Поголем дел од јули, вашите финансиски можности ќе бидат помали отколку што посакувате. Избегнувајте го работењето и финансиските трансакции со луѓе кои се несигурни. Ќе бидете во можност да остварите добивка ако се занимавате со недвижности и сметководство.

Љубов

Ако сте во врска: Благодарение на Меркур, владетелот на вашето поле на љубовта и партнерствата, ве очекуваат пријатни заеднички моменти со саканата личност. Добро ќе се разбирате и ќе разговарате за различни теми. На прво место во семејните односи ќе биде преуредувањето на домот. Во врска со тоа ќе бидете сложни и полни со енергија.

Средината на јули ќе придонесе за воспоставување на похармоничен однос со саканата личност и уживање еден покрај друг. Тоа ќе биде поволен период и да отидете на заедничко патување. Доколку сте во можност, би ви годело кратко патување во странство кое ќе ве зближи. Повеќе излегувања и дружење со пријателите ќе ви одговараат навистина.

Ако сте слободни: може да ви се случи да започнете љубовна врска со личност која ќе ве привлече уште од првиот момент, но таа личност може да не е најпогодна за врска, бидејќи постојано ќе ве воведува во непријатни ситуации. Таа личност е немјирна и полна со силни страсти која постојано предизвикува проблеми. Ќе се обидете да ја задржите оваа врска поради силната привлечност, но не сме сигурни дека таа долго ќе трае.

Некои од родените во овој знак ќе се обидат да се ускладат со барањата и условите кои една личност ќе ги постави од нив за започнување врска. Ќе се случуваат убави и лоши нешта во емотивниот живот. Почетокот на врската не е сигурен.

Здравје

Меркур, кој најголем дел од јуни ќе го мине во вашето поле на здравјето ќе ви донесе стабилно ментално и физичко здравје што ќе влијае позитивно на вашата виталност. Ќе чувствувате многу енергија, но и потреба да се движите постојано. Затоа и потрудете се слободното време да го искористите на свеж воздух. Од друга страна пак, користете и соодветна заштита бидејќи сонцето е многу силно во овој месец.