РЕТРО ТЕСТ: Колку го познавате Скопје?

Интересен ретро - тест за проверка: Колку го познавате Скопје?

Проверете дали ги знаете овие скопски населби. Не дека ако не сте ги виделе сите не сте вистински скопјанец, но е интересно да се проверите?

Станува збор за Кисела Вода пред 20 години. Прво што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на потеклото на името на Општина Кисела Вода е дека некогаш во некоја од денешните населби се наоѓал извор од кој течела кисела вода. И, токму така. Името потекнува уште од 18 век од времето на турскиот бег Усеин. На местото каде што денес се наоѓа црквата „Свети Никита“ извирала кисела вода. 

Со текот на времето додека Скопје растело и населба Буњаковец почнала да се урбанизира. 

Маџир маало по Втората светска војна, во негова близина имало дом за воени сираци, а подоцна и дом за децата бегалци од Егејска Македонија. Овде живееле и пејачите Мирвет Беловска и Зафир Хаџиманов. 

Станува збор за Домот на градежниците (Центар) кој денес е перименуван во (Домот на културата „Кочо Рацин“) спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“ денешен булевар Климент Охридски.На фотографијата може да се забележи дека пред многу години на оваа место имало кружен тек.

Улицата Македонија повеќе од 100 години е дел од градот, таа преставува место каде што се случи најважните настани во Скопје.Таа има многу историја, богато минато, кое треба да се прераскаже.