Ретро македонска естрада: Убави времиња и уште поубави сеќавања

На почетокот на 90-тите имаше една група на македонски артисти кои уживаа голема популарност кај младите.

Нивните песни се пуштаа постојано на радио, телевизија и по клубовите, немаше текст на песна што публиката не го знаеше и секаде пејачите беа третирани како најголеми ѕвезди. Тинејџери трчаа по нив за автограм или пак слика во прегратка со својот музички идол.

Ена Веко беше првата девојка кај нас која „пееше“ рап. Студени Нозе беа омилени на македонските тинејџерки, но и постари госпоѓи на кои симпатични им беа Лео, Фиц и Сури, момците од ова трио. Денеска сите тројца тргнаа по различни патишта, но нивните песни се уште се популарни и кај новите генерации.

Дел од нив задолжително се пуштаа низ дискотеките во Македонија а најдобрите забави беа во понеделник во скопската дискотека „Хавана“.

Иако ги има во голем број нашиот избор падна на следниве нумери:

Нокаут - ABC

Ерзана - Ноќна кралица

Ристо Самарџиев - Таму кај што си

Силви Бенд - Ме полудуваш

Нови Дечки - Забава до бесвест

Андријана Јаневска - Твоето писмо, моја библија

Врчак - Повторно сам

Арчи - Да пукнеш леле што ми направи

Ин - Божица

Магија - Магија

Тања Царовска - Само мој

Ареа - Сите мои слики

Нокаут - ABC