Репертоар на кино Милениум

Анимираниот филм „Кунг фу панда 3“ и „Падот на Лондон“ од четврток ќе почнат да се прикажуваат на репертоарот на скопското кино „Милениум“.

„Падот на Лондон“ на режисерот Бабак Најафи со одлична актерска екипа која ја сочинуваат Жерард Батлер, Морган Фриман и Шарлот Рилеј ќе се емитува во терминот од 20 часот.

Во денските термини предвидени за најмладите, освежување ќе донесе анимираниот филм „Кунг фу панда 3“ во кој гласовите ги позајмуваат Џек Блек, Брајан Кранстон, Дастин Хофман и Анџелина Џоли.