Репертоар на кино Милениум

Од утре во кино Милениум, филмот за кој многумина предвидуваат дека Леонардо ди Каприо конечно ќе освои оскар - во терминот од 20 часот.

Со купен билет за ПОВРАТНИК можете да го погледнете и македонскиот краток филм ДОЛУ ОД РАЈОТ, во терминот од 19:30 часот.

ПОВРАТНИК  - филмот е снимен според вистинита приказна сместена во 1820 година. Додека ја истражува недопрената природа, легендарниот истражувач, Хју Глас ќе биде нападнат од мечка и ќе се здобие со тешки повреди.

Неговиот тим ќе се обиде да го спаси, но, носејќи го во лежалка низ непроодните планински патеки, сфаќаат дека со него само заостануваат. По една кавга, тимот ќе се подели, а Џон Фицџералд решава да го остави Глас во шумата. Длабоко разочаран, неподвижен, изнемоштен и со желба за одмазда, Глас трага низ немилосрдната дивина, барајќи го Фицџералд, човекот што го изневери и напушти.

Од четврток на репертоарот на кино Милениум, три нови филма:

- ТАТО СЕ ВРАТИ (комедија)

- ДОЛУ ОД РАЈОТ (македонски краток филм)

- ПОВРАТНИК (долгоочекуваниот филм со Леонардо ди Каприо)

-- ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ (3Д) и ОМРАЗЕНАТА ОСУМКА сè уште ќе бидат на репертоарот.