Реновирано спортското игралиште во ОУ „Кочо Рацин“

Со донација на „Sport Life“, игралиштето во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје, е комплетно реновирано во мултифункционално спортско игралиште, за спортови како: фудбал, одбојка, ракомет, а понатаму и за тенис.

Новото спортско игралиште е од отворен тип и ќе се користи како за потребите на училишната настава, така и за слободни активности на децата вон наставата.

– Особено сме среќни што овој проект се реализира успешно и што ќе овозможи децата да се рекреираат, спортуваат и притоа стекнуваат голем број вештини важни за нивниот психофизички развој. Наша заедничка цел е развој на спортот и здравјето на децата во нашето општество. Посакуваме да се користи што почесто и за разни настани во духот на спортот и спортскиот живот – велат од „Sport Life“.