Реновиран ванкцинален пункт за децата и нов рентген апарат во Поликлиника - Ѓорче Петров

Изминатиов период беше реновиран ванкцинален пункт за децата и нов рентген апарат во Поликлиника - Ѓорче Петров.

- Уште една здравствена услуга поблиска до моите сограѓани. Со министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Здравствен дом - Скопје Виктор Исијановски, денеска ја посетивме оваа здравствена установа. Општината, иако нема директна надлежност, донираше мебел за 4 ординации во вакциналниот пункт, а ја опремивме и игротеката која првпат се отвора во овој дел од Поликлиниката. Инсталиравме и нова урбана опрема во дворот. Се грижиме за здравјето на пациентите, го подобруваме здравствениот систем и условите за работа на здравствените работници - информираше градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.