Реконструкција на улици во Урбаната заедница „Владо Тасевски“ во Карпош

Во урбаната заедница „Владо Тасевски“ во Карпош е реконструирана улицата „Хаванска“ во должина од 170 метри на која се обновени и тротоарите. За асфалтирање на оваа улица од  буџетот на Општина Карпош  се издвоени 1.500.000 денари, а фирма изведувач е „Бауер-БГ“ ДОО Скопје.

– Во текот на денешниот ден беше асфалтиран и крак од улицата „Хелсински“ во должина од 71 метар, исто така, од фирмата „Бауер БГ“ за кој Општината издвои 500.000  денари.  Во оваа урбана заедница фирмата „Ескаватори МК“ работеше на обнова на тротоари како и на асфалтирање на коловозот на поголемата улица „Анкарска“ во должина од 400 метри, за која Општината издвои 3три милиони и триста денари.

Во населбата Тафталиџе 1, улицата „Нобелова“ е, исто така, целосно реконструирана, а за неа од општинската каса беа издвоени три милиони денари, информира Општина Карпош.

Во текот на утрешниот ден е предвидено да се завршии реконструкција на улица „Хелсинки“ во должина од 170 метри на делницата од заедниот дел на Факултетот за туризам и менаџмент до улицата „Париска“.

Општината наведува дека со оваа градежна активност целиот комплекс улици во Урбаната заедница „Владо Тасевски“ ќе биде целосно реконструиран.