Реконструкција на крак од улица „18“ во Бардовци

Општина Карпош работи на реконструкција на крак од ул. „18“ во Бардовци. Овој дел претставува пристап за повеќе домаќинства од ова населено место и долги години,  кракот од оваа улица беше во лоша состојба.

Обновата на оваа улица е во рамки на дванаесеттте улици кои етапно ќе се санираат во Бардовци. Сите 12 улици се во должина од 969 метри и повеќе години беа во руинирана состојба.

Локалната самоуправа веќе реконструираше крак на улица „4“,  кој е во должина од 150 метри.

Примарната цел на Општината е да продолжи да ги развиваа периферните делови на Карпош, кои делуваа отсечени од урбаното јадро.