Реконструкција на игралиштето „Сокол“ во Карпош

Завршуваат активностите за реконструкцијата на спортското игралиште на кое ќе се одигра Меморијален Турнир Сокол 2019, во Карпош Од општината информираат дека се обновуваат трибините, соблекувалните, головите и другите елементи од игралиштето.
- Го ресетираме турнирот кој поврзува различни генерации и е симбол на маалскиот живот во Карпош и Скопје. Ресетирањето на „СОКОЛ“ беше дел и од мојата изборна програма, а турнирот ќе почне на први септември - информираше градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.