Реконструирани шест премини под улицата „Шуто Оризари“

Во неделата вечерта од 22 до 5 часот наутро, екипите на јавното претпријатие  „Водовод и канализација“, работеа на шест локации истовремено и тоа од раскрсницата на булеварот „Словенечка“ со „Македонско Косовска Бригада“ до улицата „Шуто Оризари“ со „Брсјача Буна“/Бутелски Венец.

– На овие локации е извршена реконструкција на шест премини под улицата „Шуто Оризари“, со три приклучни цевки, од кои две се ф-80 и една ф-150. Оваа интервенција ќе овозможи подобар притисок на вода во овој дел на градот Скопје.