Реконструирана улицата „Адолф Циборовски“

Поранешната улица „Мајка Тереза“ или денешна „Адолф Циборовски“ доби комплетно нов асфалт, улично осветлување и дрворед.

По поплаките на граѓаните во врска со лошата состојба на улицата, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски излезе се конкретно решение и комплетно ја реконструираше улицата во должина од 185 метри. Вкупната реконструирана површина изнесува од прилика 1 380 квадратни метри, а покрај асфалтот на коловозот, поставен е и нов тротоар со бехатон коцки, канделабрите за уличното осветлување се поместени со цел да се овозможи непречено движење на пешаците, а инсталациите од телекомуникациските оператори се поставени под земја. 

Конструирани се и нови сливници, со што собирањето на атмосферските води и поплавувањето на гаражите ќе стане минато. За комплетирање на улицата, засадени се и 16 нови дрвја од двете страни на улицата.