Реконструиран дел од ул. „Ѓорче Петров“, целосна обнова до крај на летово

 Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на дел од улицата Ѓорче Петров, на потегот од општинската зграда до објектот на „Баумаркет“, а градежните работи за обнова на оваа фреквентна сообраќајница продолжуваат со засилено темпо, се до бензинската пумпа на Макпетролсоопшти денеска Град Скопје. 

На реконструираниот дел изминатиов период беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Во наредните денови, градежни работи ќе се одвиваат на делот до бензинската пумпа на Макпетрол. Целосната реконструкција на улицата Ѓорче Петров се очекува да заврши пред крајот на летото.

Град Скопје со овој градежен зафат ќе ја реконструира улицата Ѓорче Петров на должина од околу 1.500 метри, на потегот од општинската зграда до бензинската на „Макпетрол“. Целта е да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот и да се намали метежот.

Апелираат додека траат градежните работи граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација на улицата и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим.