Оваа салата се подготвува едноставно и лесно, а често се послужува на празничните трпези.
Состојки:
2 варени компири
100 гр шунка
100 гр кашкавал
4 варени јајца
2 варени моркови
200 гр мајонез
200 гр кисела павлака
сол
бибер
Начин на подготовка:
На дното на стаклена чинија изрендајте варен компир, посолете и побиберете, потоа додајте половина од павлаката, па убаво распоредете. Од горе додајте малку мајонез, па рендан морков, павлака, потоа шунка, па остатокот од павлаката, повторно малку мајонез, па рендани варени јајца, прелијте со мајонез и на крај изрендајте кашкавал или тврдо сирење.
Добро изладете ја салатата и послужете ја како предјадење, додаток за месо или како главно јадење.
На здравје!