Речиси половина од работниците во светот се изложени на ризик да ја загубат работата

Загубите на работните места веројатно ќе ги погодат сите земји на планетата, како резултат на катастрофалното негативно економско влијание на коронакризата врз економската активност.

Скоро половина од работниците во светот се изложени на непосреден ризик да ги загубат работните места како резултат на пандемијата ковид-19, според Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Загубите на работните места веројатно ќе ги погодат сите земји на планетата, како резултат на катастрофалното негативно економско влијание на коронакризата врз економската активност.

Глобалната работна сила, според „МОТ“ брои околу 3,3 милијарди луѓе, а 1,6 милијарди работници се изложени на ризик да ги загубат своите работни места и да ги загубат своите средства за егзистенција, кога ќе бидат земени во предвид вработените во неформалната економија и оние на дното на скалата по ниво на плата.

Неформалната економија ги вклучува „непријавени работници“ за кои работодавачите не плаќаат даноци на државата и на кои владата има потешкотии да ги следи, а кои сочинуваат огромен дел од економиите во развој.

– За милиони работници загубата на приход не значи храна, нема безбедност и иднина. Милиони бизниси ширум светот едвај дишат – рече неодамна генералниот директор на „МОТ“, Гај Рајдер.

Поради ограничувањата на движењето, фабриките ширум светот привремено престанаа со производство и компаниите престанаа да работат, испраќајќи ги работниците на принудно отсуство, но многу компании исто така отпуштаа со цел да ги намалат трошоците и да ја надминат кроронакризата.