Рече „срамота“ и замина: Моментот кога Столе го напушти „Изборот на спортист на Македонија“ (ВИДЕО)

Kапитенот на Вардар, ракометарот Столе Стоилов, демонстративно стана и си замина од манифестацијата „Спортист на годината“, која ја организира Агенцијата за млади и спорт.

Причина за ова е фактот што манифестацијата е двојазична, односно за првпат се користи и албанскиот јазик.

Тоа го налутило пикерот на црвено-црните, па Стоилов изреволтиран си заминал од салата.

-Се чувствувам засрамено и понижено, се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците кои се сместени во хотелот во кој се одржа манифестацијата.

Видеото од неговото заминување, го објави порталот ЕКИПА.