Рецепт на денот: Чоколадни бомбици со ѓумбир - експлозија од витамини и минерали

Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати 18 грама, протеини 2 грама и масти 1 грам. Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.

Состојки:

200 ml сладок течен готварски крем

300 г црно чоколадо

1 лажиче цимет

1 лажиче ѓумбир во прав

150 г ѓумбир бисквити

Подготовка:

Ставете го во сад за готвење кремот така што ќе зоврие на тивок оган. Потоа, додадете го чоколадото, циметот и ѓумбир и мешајте постојано. Кога ќе се добие хомогена смеса, може да се отстрани од топлина и да оставите да се излади, а потоа да ја оставите во фрижидер за 2-3 часа.

Искршете ги добро бисквитите и ставете ги во сад. Со помош на лажичка земете малку од чоколадната смеса и оформете топче кое ќе го извалкате во бисквитите. Откако бонбоните се подготвени може да ги оставите за уште неколку минути во фрижидер или директно да ги каснете во пријатно друштво.