Разликувате ли настинка од грип?

Предизвикувачите на грип и на настинка се сосема различни типови вируси, па затоа и начинот на лекување треба да биде поинаков. Меѓутоа луѓето не умеат да ги препознаат симптомите, па често течењето од носот и кивањето ѝ ги припишуваат на обична настинка, а всушност се работи за грип и обратно. Еве како правилно да ги „прочитате“ симптомите.

НАСТИНКА

Симптоми: течење од нос, болка во грло, кивање и малку покачена температура.

Терапија: одморајте се – тоа ќе ве излекува. Настинката често се повлекува сама за една недела.

 ГРИП

Симптоми: висока температура, чувство на јанѕа, болки во мускулите, премаленост, губење апетит.

Терапија: не обидувајте се да одите на работа – останете дома и одморајте. Пијте доста течности и редовно јадете, дури и ако не чувствувате потреба за храна и за вода.