Разбудете се! Вашата среќа не зависи од другите луѓе

Во животот најлесно е да барате вина во другите луѓе и во околностите, особено кога ќе ви се случи нешто лошо. Си дозволувате да донете во бездна на немоќ, наместо да сфатите дека сета моќ е во вас. Најлесно е да се преправаме дека нешто не нѐ интересира, да бегаме од одговорности и да дозволиме животот да нѐ скрши на милион мали парченца. 

Колку време ви е потребно за конечно да се разбудите и да сфатите? Вашата среќа е работа на избор – ваш избор! Таа не би требала да зависи од постапките на другите луѓе, нивната присутност и воопшто од надворешни услови! Она што негуваме во себеси, она со коешто ја храниме нашата душа и нашиот ум е клучно за да откриеме колку сме навистина одговорни и среќни. Дали имате здрав однос со себеси, дали го цените она што сте, дали ги гледате своите пропусти и дали работите на нив? Дали имате доволно самопочит, дали сфаќате дека додека не ги решите тие работи самите со себе, не можете да чувствувате среќа затоа што постојано имате чувство дека нешто ви е ускратено? А многу често, самите на себе си ги скратуваме потребните вистини.

Сѐ додека ги храните телото и душата со минливи и непотребни работи, нема да имате мир и ќе го избегнувате разговорот со самите себеси. Колку и да го избегнувате запознавањето со себеси, еден ден ќе налетате на огромен ѕид и нема да имате каде да одите, сѐ додека не го решите проблемот којшто го имате со себеси. 

Зошто постојано да барате решение во други луѓе, во оние кои не ги познаваат вашите рани, ниту ги гледаат трагите кои луѓето и времето ги оставиле на вас? Зошто мислите дека ќе ви биде полесно ако постапувате како некој друг, а не слушајќи го вашето срце и душа. Не може да ви помогне одговор кој е решение за туѓ проблем. 

Вашата среќа е одраз на вашите мисли. Онака како што се однесувате кон себеси на дневна основа, колку често се омаловажувате или храбрите себеси, така и ќе ви тече животот. Ако немате самодоверба и самопочит, крајно време е да се прегрнете себеси. Сакајте се себеси, затоа што другите никогаш нема да ве сакаат онолку колку што ќе се сакате себеси. Имајте предвид дека низ сѐ морате да минете сами, дури и кога имате огромна поддршка од оние кои ве сакаат. А среќата не е недостижна и не е конечна цел.

Конечната цел е целосно себезапознавање. Среќата треба да биде производ на нашиот развој, одраз на сјајот во нашите очи, гордост затоа што сме се тргнале од она што сме биле, затоа што сме се победиле по којзнае кој пат. Среќата не би требало да ја бараме, туку да сфатиме дека сме во состојба да ја произведеме. Исто така во голема мера сме одговорни за несреќата која ја произведуваме или ја привлекуваме кон себеси. 

Еднаш кога ќе се разбудите, ќе видите дека сте барале на погрешни места. Сѐ што сме, сѐ што треба да бидеме и сѐ што мислиме дека немаме, всушност го имаме и го носиме длабоко закопано во себеси. Кога тоа ќе го научите и усвоите, кога ќе почнете среќно да живеете, несебично ќе ги споделувате овие работи и со другите и ќе сфатите дека навистина малку е потребно за среќа. И дека среќата е реална само кога се споделува и останува непресушен извор на инспирација, живот и радост. Затоа, наместо да покажете со прст кон некого, свртете се кон себеси. Засакајте се себеси, простете си себеси за да можете да им простите на оние кои ве повредиле и земете го клучот во свои раце. 

Бидете среќни, не барајте среќа, создадете ја среќата. Другите луѓе нека пијат од вашиот извор на вистина и љубов, затоа што тогаш вашата среќа ќе се зголеми.