РАЗБОЈНИШТВО: Маскиран и вооружен крадец ограбил спортска обложувалница

Синоќа околу 21,30 часот во ЕИК-Скопје, В.Н. пријавила дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, во ТЦ „Скопјанка“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, од страна на непознат сторител вооружен со огнено оружје и маскиран извршено е разбојништво.

Како што денеска информира МВР, разбојникот одзел 79.000 денари од дневниот промет и го напуштил местото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.