Ракот на грлото на матката е втората најчеста причина за смрт - најранливи се жените од социјално загрозените семејства

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на превенцијата на ракот на грлото на матката од Министерството за здравство соопштија дека лани во Македонија пап тест направиле 27 000 жени, пишува Тв Нова.

Како што велат од од Здружението Борка најранливи се жените од социјално загрозените семејства немаат еднаков пристап со останатите до програмите за борба против рак на грло на матка . Па оваа недела се одбележува со цел подигање на свеста на жената за ракот на грлoто на матката и можностите за превенција. Сепак се работи за болест која може да се спречи.

Ракот на грлото на матката е втората најчеста причина за смрт од рак во Европа, кај жени на возраст помеѓу 15 и 44 години, а исто така и во Македонија. Годишно во нашата земја се откриваат од 2 до 3 случаи со карцином. Минатата година 27 000 жени биле прегледани од кои кај 87 % наодот бил негативен додека кај 13% наодот бил позитивен и најчесто станува збор за ХПВ инфекции изјави Министерот за здраство Венко Филипче

Жените од социјално загрозените семејства немаат еднаков пристап со останатите до програмите за борба против рак на грло на матка – велат од Здружението Борка.

Претседателот Здружението за ХПВ во Македонија, Горан Димитров соопшти дека во рамките на Националниот комитет за клинички упатства е формиран комитет, составен од експерти од цитологијата, патологијата и гинекологијата кој има за цел во наредниот период да ги адаптира современите клинички упатства за скрининг на цервикалниот карцином.

Европската недела на превенцијата на ракот на грлото на матката се одбележува со цел подигање на свеста на жената за ракот на грлoто на матката и можностите за превенција изјави Биба Додева од Борка. Сепак се работи за болест која може да се спречи. Една од можностите за превенција е да се најде време, во текот на годината, и да се посети матичниот гинеколог. Радовните ПАП и ХПВ тестови.

Министерот за здраство исто така најави дека се во преговори со фондацијата на Бил и Линда Гејтс, при што Македонија има можност да стане една од петте земји каде оваа фондација ќе обезбеди вакцинација со деветовалентна вакцина за целокупната женска популација.