Работна средба на ЈКП од Македонија

Вчера во Скопје се одржа работна средба на Генералните Директори на ЈКП (Јавни Комунални Претпријатија) од целата држава, со цел меѓусебно да се дискутира по однос на проблемите со кои се соочуваат во тековното работење. На средбата присуствуваше директорот на ЈП Водовод и Канализација, г. Душко Весковски.

Вчера 14.12.2017 во организација на АДКОМ - Здружение на даватели на комунални услуги на Р.Македонија, во Скопје во хотелот Холидеј Ин, се одржа работна средба на Генералните Директори на ЈКП (Јавни Комунални Претпријатија) од целата држава, со цел меѓусебно да се дискутира по однос на проблемите со кои се соочуваат во тековното работење.

На средбата присувствуваше и Претседателот на Владата на РМ, г. Зоран Заев, како и Директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, г. Душко Весковски, информираат од ЈП Водовод и Канализација.

Целта на организирање на оваа средба беше сублимирање и дискусија на состојбата во која се наоѓаат јавните комунални претпријатија. Исто така се дискутираше за моменталните проблеми и потреби со кои се соочуваат ЈКП и насоки за превземaње на следните чекори за нивно надминување со поддршка од Централната Власт.