Работи за кои никогаш не и се заблагодаривте на вашата најдобра другарка!

Имате другарки и имате најдобри другарки. Со другарките излегувате, се шегувате, разговарате, но со најдобрите другарки никогаш не треба да се преправате дека сте нешто што не се и тие никогаш нема да се откажат од вашето пријателство.

Понекогаш сите сме малку изгубени и здраво за готово ги земаме луѓето што ги сакаме, заборавајќи да им се заблагодариме за сите прекрасни моменти и за сите заеднички моменти полни со болка и радост.

Затоа јавете им се на вашите најдобри другарки и кажете им ги овие работи:

Ти благодарам за тоа што секогаш искрено ми кажуваше кога косата ужасно ми изгледаше.

Ти благодарам што никогаш не ме остави да танцувам сама.

Ти благодарам за стомачните мускули што ги добив од смеење.

Ти благодарам што ме трпиш сите овие години.

Ти благодарам што заедно со мене ги коментиравме сите оние чудни моменти и луѓе.

Ти благодарам што секогаш ми го чуваше грбот.

Ти благодарам што беше чудна заедно за мене.

Ти благодарам што ми помогна да си ја вратам самодовербата.

Ти благодарам што секогаш знаеш да направиш да ни биде забавно, дури и кога јас сум досадна.

Ти благодарам што правиш животот да не изгледа толку тапа.

Ти благодарам што ме потсеќаш дека сум кул личност.

Ти благодарам што си среќна кога ми оди добро во животот.

Ти благодарам што не дозволуваш да се омаловажувам самата себеси.

Ти благодарам што секогаш можеш да познаеш дека нешто не е во ред, иако се обидувам да сокријам.

Ти благодарам што му даде шанса на оној типот што ич не беше добар за мене, а и ти ич не го поднесуваше.

Ти благодарам што ми помогна да се справам со моите демони.

Ти благодарам што ме разбираш.