Рабиндранат Тагоре: Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани

Рабиндранат Тагоре е познат индиски филозоф, книжевник и музичар. Растел во богато бенгалско семејство, а се образувал во Англија. Тој во 1913 година ја добива првата награда како Азиец, за литература.

Ова се некои од неговите најпознати цитати.

Не можеме да и судиме на цивилизацијата по тоа колку моќ остварила, туку по тоа колку во своите закони и дела изразила љубов кон човекот.

Човекот од оружјето направил свој Бог. Но, кога оружјето ќе победи, човекот ќе остане поразен.

Кога ќе стане животно, човекот е полош и од животните.

До вистината можеме да дојдеме само ако ни е дадена слободата да грешиме.

Мажите знаат само да мислат. Жените имаат свој начин да разберат без да размислуваат.

Не постои онаа поезија која може да се вивне до онаа висина до која допира љубовта.

Несовршеноството не е негација на совршенството, конечносто не се коси со бесконечноста. Тоа е само целина која се изразува во делови.

Ниту еден народ не може да се спаси одвојувајќи се од другите. Или се спасуваме заедно, или заедно пропаѓаме.

Само она што го правиме од љубов, го правиме слободно, без оглед на тоа колку патење произлегува од него.

Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.