Пуштени во продажба влезници за концертот на Bryan Adams

Влезниците се пуштени во продажба од денеска во 09 часот наутро и тоа онлајн преку avalon.mk, како и преку продажната мрежа на Авалон Продукција низ Македонија и низ регионот, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 1990 денари
SILVER SEATS- 2.500 денари (блок 1, 5, 6, 10, 11 и 15)
GOLDEN SEATS- 2990 денари (блок 2, 3, 4, 7, 8, 9, 12 и 14)
ВИП 4000 денари (блок 13)

ВАЖНО: На овој концерт нема да постои категоријата ФАН ПИТ затоа што Bryan Adams не сака да ги двои фановите, и никогаш и никаде не постои фан пит како категорија на неговите концерти.