Пуштен во употреба реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле

Денеска беше пуштен во употреба реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле, како резултат на заедничка соработка помеѓу Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, Здружението на граѓани „Имаго Плус“ и ЈУ „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ – Скопје.

Во реновирање на центарот во кој се обезбедува психосоцијален третман и поддршка за децата со попреченост и советодавна работа со нивните родители, поддршка даде и приватниот сектор односно две фирми обезбедија дидактички материјали и играчки за децата кои ќе го посетуваат центарот.

Дневниот центар ќе го посетуваат 90 деца и истите ќе добиваат индивидуализирани услуги од специјални едукатори, логопеди и социјални работници, а истиот ќе функционира во две смени од 8:30 до 19 часот.

air max 90 essential sale