Пукање во Ченто, ранет маж итно пренесен на Ургентно

Вчера околу 17,00 часот на улица „Алија Авдовиќ“, додека 37- годишниот  Н.А се движел со своето возило по улицата, од страна на непознато лице кое било во друго возило во движење, било пукано со огнено оружје кон него и Н.А. бил погоден со проектил во пределот на левиот колк, а непознатото лице го напуштило местото на настанот.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентениот центар.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.