Психологијата тврди дека можеби е подобро да бидете сами!

Еден психолог тврди дека луѓето што остануваат сингл добиваат шанса да го живеат својот најдобар, најавтентичен и најзначаен живот, додека истиот тој психолог тврди дека среќниот брак е само мит.

Професорката Бела ДеПауло ја предизвикува општоприфатената идеја дека бракот им помага на луѓето да живеат посреќен, подолг и поздрав живот.

Таа вели: „Достапните истражувања кажуваа се. На пример, едно истражување кое споредувало луѓе кои останале сами со луѓе кои останале во брак, покажало дека самите луѓе имаат поизострена смисла за решителност и дека имаат поголеми шанси да искусат континуитет во личниот развој и раст.

„Друго истражување покажува дека самите луѓе повеќе ценат значајна работа од луѓето во брак... Трето истражување покажува дека луѓето кои цел живот се сами имале поволности од тоа што биле доволни самите на себе и имале помали шанси да искусат негативни чувства.“

Со споредување на бројките, може да се види дека минатата година имало 16.2 милион сами луѓе во Велика Британија, наспроти 23.7 милиони кои биле во брак. Ако се вратиме во 2002 година, ќе видиме дека тогаш имало 12.5 милион сами луѓе и речиси идентични 23 милиони луѓе во брак.

ДеПауло тврди дека причините поради кои луѓето одбираат да бидат сами се ретко признаети.

Таа тврди дека самците се поповрзани за своите родители, пријатели, браќа и сестри, соседи и колеги и дека кога луѓето стапуваат во  брак повеќе се изолираат.

Преокупирањето со негативните страни на осаменоста ги занемарува и ги фрла во сенка поволностите од самотијата.

Таа додава: „Време е да се даде поточен приказ на самците и самечкиот живот – приказ кој ги признава вистинските јаки страни и отпорноста на самците и што е тоа што го прави нивниот живот толку значаен.“

ДеПауло објаснува дека додека луѓето кои стапуваат во брак се поддржани и славени од страна на нивните пријатели, врсници и семејство, оние коишто одбираат да бидат сами најчесто се подложни на стигматизација и стереотипизација од истите тие групи.

Таа се надева дека повеќе луѓе ќе почнат да го препознаваат недостатокот на докази кои го поддржуват мислењето дека луѓето во брак се посреќни и поздрави, додека истовремено ќе го препознаат фактот дека често вложуваме премногу време и енергија во пронаоѓањето на „Вистинскиот“ или „Вистинската“.

 

air max 90 essential sale