Психијатрите советуваат како да го зачувате психичкото здравје во услови на карантин и полициски час

Седете дома! Не излегувајте непотребно! Забрането е надвор по 21 часот! Работите од дома! Децата не одат на училиште или градинка! Како да се остане психички здрав затворен во точно определен простор со недели, а можеби и месеци?

Психијатрите велат физичката изолација не значи и емоционана и социјална изолација.

Првото правило е останете рационални за тоа зашто се ова се случува.

Вториот совет е избегнувајте вознемирувачи информации.

Третото правило е дека и во домот има што да се прави и времето треба да се искористи. Психијатарот вели ќе се промени начиот на кој досега се комуницирало, но врските ќе станат поблиски иако за тоа со роднините и пријателите ќе се користи технологијата.

Арсова вели и домашните активности, како приготвување на храна, раскревање и одржување на личната и општата хигиена треба да се прават заеднички, особено заедно со децата. На тој начин ќе се совладаат вештини кои се потребни за цел живот, надвор од корона ситуацијата.

Четвртиот совет е доколку дојде до расправии во домот поради присуство на сите членови и судир на различни генерации. Расправите не се лоши, но агресијата е недозволива.

Доколку сепак, дојде до напнатост, стрес, депресија, акнсионзност, можат да се земаат препарати кои се на растителна база и за кои не е потребен рецепт.

За крај, Министерството за здравство објави и телефони за психолошка поддршка и тоа на родители деца, за граѓаните од Дебар и Центар Жупа и за оние во самоизолација. Пациентите закажани во „Мој термин“ за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видеоврска на некоја од интернет-мрежите, пишува Сител.