Провинцијалки VS Скопјанки

Притисокот на големите градови врз сите оние кои доаѓаат од помали места или кај оние кои со години живеат во метрополите умее да резултира со најразлични нарушувања реакции и однесување.

.

Една од последиците на стресот, притисокот на околината, влијанието и барањата на “медиумите”, безмилосната средина во која секојдневно се наоѓаме е и нарушувањето на исхраната.

Доколку живеете во Скопје, немилосрдна метропола со високи очекувања не се исклучува можноста да бидете мета на нарушена исхрана.

Нарушената исхрана најчесто е причина на урбаниот живот. Постојат повеќе сегменти. Тука е психолошкиот како и социопсихолошкиот сегмент. Болестите кај урбаниот човек најчесто се причина на современото живеење, секојдневниот стрес како и исхраната. Брзото темпо на живот не тера да јадеме готвена или полуготвена храна. Актуелен е и трендот да купуваме готвена храна бидејќи немаме време за да зготвиме оброк за семејството. 

 Во селските области, децата уште од мали нозе почнуваат да работат во бавчите, се хранат со она кое го засадиле а и консумираат посвежо месо. Ова во превод би значело дека тие консумираат здрава храна, храна која не е преработена – храна која го продолжува животниот век, додава тој при тоа истакнувајќи дека кога провинцијата ќе се пресели во главниот град е подложна на ваквите нарушување на исхраната.

Притисокот на големите градови влијае на психата и резултира со најразлични нарушувања.

Секако, тука е и фактот дека дел од нив сакаат да бидат прифатени и забележани. Имиџот и стилот на живот се создаваат и се градат со секојдневата рутина.

За жал, се уште не постои точна статистика за бројот на заболени од нарушување на исхрана бидејќи голем дел од нив не бараат стручна помош. Исто така, ваквите нарушувања се релативно нови, па не постојат многу истражувања за Балканот. Меѓутоа, повеќе од јасно е дека стресот, чиј предизвикувачи може да бидат многу фактори влијае врз дебелината или губењето на килограми кај еден човек.

Многу луѓе кои страдаат од анорексија покажале придружени ментални нарушувања како депресивно расположение, раздразливост, несоница и антисоцијализација. Ваквите личности страдаат од чувства на неадекватност и силна потреба за следење на околината, а им недостасува спонтаност, иницијатива, но и тешко ги изразуваат своите чувства.

Не е тајна дека храната има огромна улога во животот на еден поединец. Додека некои одбиваат храна се со цел да ја вратат контролата врз својот живот, други консумираат огромни количини со цел да го заменат чувството на празнина и  незадоволство.

Па така, ваквите нарушувања често се случуваат во моменти кога личноста го менува животот, тргнува од почеток во нова околина, нова средина и сака да биде забележана. На сето тоа, големите градови се мета на идеали на убавина креирани во страниците на магазините.