Проверете ја штитната жлезда: Потребно ви е огледало и чаша вода

Работата на штитната жлезда можете да ја проверите и во домашни услови…

Штитната жлезда (тироидната жлезда) е во облик на пеперутка и се наоѓа на почетокот на вратот. Хормоните, произведени од оваа жлезда, влијаат на работата на сите системи во нашиот организам. При вишок на тироидни хормони, човекот станува хиперактивен, додека при недостаток, тој чувствува поспаност и немоќ. Исто така, штитната жлезда е изложена на ризици од разни заболувања и може да биде видно зголемена.

За да ја проверите во домашни услови, ќе ви бидат потребни огледало и чаша вода.

Како да ја проверите штитната жлезда: Подигнете ја главата нагоре и пијте голтка по голтка од водата. Притоа на огледалото гледајте го движењто на штитната жлезда. Повторувајте ја постапката неколку пати, земајки поголеми и помали голтки и забележете дали има некои невообичаени промени и асиметрии. Забележете дали при голтањето нешто што е невообичаено се случува, дали нешто се зголемува или станува испакнато.

Спроведувајте ја оваа процедура редовно со цел да го следите здравјето на оваа жлезда, особено ако се чувствувате уморни без никаква причина или пак имате некој во семејството кој има проблем со штитната жлезда. Доколку не забележувате промени, а сепак чувствувате дека нешто не е во ред или имате неколку симптоми кои упатуваат на неправилна работа на штитната жлезда, без паника, закажете преглед на лекар.