Проверете дали ве има: Избирачкиот список е ставен на увид

Граѓаните од денеска може да направат проверка на податоците во Избирачкиот и тоа со внесување на единствениот матичен број, адреса или име и презиме на веб-страницата на Државната изборна комисија, за одржувањето на локалните изброи во октомври.

На седницата која се одржа викендот, ДИК донесе заклучок дека 11.346 лица се надвор од избирачкиот список по неколку основи, односно дека 7.107 лица немаат живеалиште, починале 1.388 лица, одземена деловна способност на 284 лица и слично. Според ДИК, повторно ќе се проверуваат сите лица, бидејќи бројот на гласачите од МВР и Државниот завод за статистика не се совпаѓа.

Избирачкиот список моментално брои  1.827.473 гласачи. Увидот ќе трае до деветти септември во подрачните општински единици на ДИК, а на интернет е достапен и од денеска.