Денеска на главната улица во скопската населба Радишани се одвиваа протести кои ги организираа родителите на децата од основното училиште „Ацо Шопов“.
Протестот е организиран поради тоа што на 5 септември, на пешачкиот премин пред училиштето моторџија прегази деветгодишно дете.
Родителите побараа да се постават легнати полицајци пред школото, со што возачите ќе бидат принудени да ја намалат брзината на движење, како и да се дислоцира автобуската станица на линијата 57.
На протестот дојде и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, кој им вети на граѓаните решавање на проблемот и исполнување на нивните барања.