Простете ни, ние само се сакаме!

Простете ни, ние само се сакаме.
Се држиме за раце, се љубиме и се галиме.
Душите се смејат, срцата бијат посилно.
Простете ни, ние само се сакаме.
Онака чисто, наивно и без калкулации.
Дишеме во моментот и живееме за сегашноста.
Простете ни, ние само се сакаме.
Лутавме насекаде, ама еве нѐ тука.
Испреплетени во прегратка.
Прегенати и за добро утро и за добра ноќ.
Простете ни, ние само се сакаме.
Љубовта ја носиме секаде со нас.
Ги отвораме дланките за секој слободно да го одбира својот живот и да го живее својот живот.
Секој ден, љубовта нѐ избира нас и ние ја бираме неа.
Секој ден, љубовта е нашиот љубов, нашата вода и нашиот воздух.
Простете ни, ние само се сакаме.
Простете, затоа што не умееме поинаку.