Простете им на другите, не поради тоа што заслужуваат прошка, туку поради тоа што вие заслужувате мир

Понекогаш ни изгледа како да сме заглавени во негативни мисли, лошо расположение и денови кои не измачуваат. Иако  ништо посебно не ни се случува, сепак ја чувствуваме нервозата и не знаеме што да направиме.

Ова се неколку потсетници кои ќе ни помогнат да размислуваме позитивно во таквите периоди.

Простете им на другите, не поради тоа што заслужуваат прошка, туку поради тоа што вие заслужувате мир. – Џонатан Локвуд Хуи

Кога целиот свет е тивок, само еден глас може да направи разлика. – Малала Јусуфи

Животот е навистина едноставен, но ние беспотребно го комплицираме. – Конфучие

Светот е резултат на нашето размислување. Не можеме да го смениме светот ако не го смениме начинот на нашето размислување. – Алберт Ајнштајн

Си судиме себеси според нашите намери, а на другите им судиме според нивните дела. – Стивен Р. Кови

Ако не ви се допаѓа нешто, сменете го. Ако не можете да го смените, сменете ог начинот на кој размислувате за тоа.  – Мери Енгелбреит

Без оглед на тоа дали мислите дека можете или пак не можете, во право сте. – Хенри Форд

Бидете свои. Сите други се  веќе зафатени.  – Оскар Вајлд