Променливото време предизвикува здравствени проблеми - главоболка и напнатост се првите симптоми

Промената на временот која се случува деновиве не е безопасна ниту за здравите, ниту за болните луѓе.

Клиниките се полни со пацинети. И возрасни и деца. Загадениот воздух носи дополнителни проблеми овој период од годината.

Во текот на денот разликата во температурата директно влијае  на здравјето и расположението.

Промената на времето најлошо ќе делува на здравјето на хроничните и срцевите болни, иако, според лекарите, тешкотии може да имаат и сосема здравите лица.

– Главоболка, напнатост, нервоза, болки во коските и зглобовите се тешкотии кои поради промената на времето може да ги имаат и здравите луѓе. Оние кои имаа низок притисок веројатно ќе се чувствуваат поспано и забавено. Граѓаните кои имаат проблеми со коскено-зглобниот систем можно е да почувствуваат болки и грчеви во мускулите, вели лекарите.

Здравите навики и здравите односи, сметаат психолозите,  апсолутно секогаш ќе водат и кон подобро здравје доколку ги насочиме правилно. Изложеноста на загадениот воздух, брзиот и стресен начин на живот се тие кои уморуваат и ја црпат целата енергија, која спротивно би го разубавувала телото, мислите и  благосостојбата . Човечкиот организам циркулира по пат на примање и давање и мора секогаш да се  храни  со светлина, физичка и психичка енергија.