Промените се страшни, но добри

Не можеме секогаш да имаме контрола над нашите животи. Животот не е секогаш фер и не го добиваме тоа што го сакаме секогаш. Најважното нешто е да сфатиме дека не можеме да имаме целосна контрола над тоа што ни се случува, но имаме целосна контрола на тоа како реагираме на ситуациите во кои доаѓаме.

Треба да научиме да се фокусираме на нештата на кои имаме контрола и да најдеме храброст да се ослободиме од ситуациите кои ни нанесуваат болка. Кога не сме задоволни од нешто, имаме два избори :

1) Да утврдиме дали можеме да направиме нешто околу тоа

2) Ако одговорот е да, да преземеме нешто. Но, ако одговорот е не, да продолжиме.

Промените во нашиот живот се страшни бидејќи не знаеме што стои пред нас. Стоиме на работ и се плашиме да продолжиме понатаму, мислејќи дека секоја промена која ќе ја направиме ќе нѐ турне во бездната. Но, треба да знаеме дека без промените не би можеле да се придвижиме од ниту една точка во животот. Но, каква возбуда имаме од тоа? важно е постојано да се движиме напред и да ги пречекуваме промените со отворени раце.

Можеби немаме контрола на сите ситуации во нашиот живот, но имаме контрола како да реагираме на нив. Ако постојано жалиме за тоа дека некоја ситуација не се случила како што сме планирале, ги губиме од вид другите работи кои можат да ни донесат успех.

Најважно е да прифатиме тоа што не можеме да смениме и да бидеме храбри за промените кои можеме да ги направиме.

Најважно од сѐ е  да бидеме доволно паметни да ја препознаеме разликата меѓу овие две нешта.

Преземањето ризици е навистина страшно, но тоа носи нови почетоци и можности. Учиме важни лекции од сите промени, иако тие не нѐ носат секогаш онаму каде што сме сакале да бидеме. Но, промената ни дозволува да се движиме напред и ни помага да ги залечиме своите рани. Кога се фокусираме на новите нешта во нашиот живот и на новите причини да бидеме среќни, одиме напред. Се наоѓаме себеси во ситуација кога позади себе оставаме луѓе, места и работи без кои некогаш сме мислиле дека не можеме, но кои не ни носеле никаква среќа. Можеби на почетокот работите изгледаат многу нејасни, но еден ден сето тоа има смисла.

Запаметете дека тешките времиња не траат засекогаш и нивната цел е да ви помогнат да ги цените убавите времиња и нешта. Научете да ги прифатите промените и да уживате во животното патување.