Пролетта црта студени слики: Утрово снежна покривка на неколку места во Македонија

Снежна покривка и температури под нулата утрово беа регистирани во неколку градови во Република Македонија.

Според информацијата објавена утрово од Хидрометеролошкиот завод на Република Македонија снег утрово се забележува во Лазарополе, Пожаране, Ѓуриште и Маврово. Вистината на снежната покривка во Маврово е три сантиметри.

Температури под нулата се регистирирани во Маврово, Лазарополе и Крушево. Додека во Крива Паланка, Куманово и Тетово се регистирани температури блиску над нулата.

Според информациите добиени од УХМР времето денес ќе биде сончево и студено со слаби локални врнежи кои на планините ќе бидат во форма на снег. Ќе дува засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 16 степени.